Претседателот на ПСЖ под истрага за киднапирање и мачење

Сопственикот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, е пријавен за киднапирање и мачење на еден француски државјанин, пренесе „Лекип“, а пренесоа многу светски медиуми.

Против Ал-Келаифи е започната истрага откако Таиб Бенабдерахман поднесе тужба, најавувајќи дека има докази дека бил киднапиран и измачуван во 2020 година во Катар.

Бенабдерахман е активист кој имал компромитирачки документи поврзани со сопственикот на ПСЖ. Оштетениот започнал кампања против корупцијата при доделувањето на организацијата на СП 2022 година на Катар, како и кампања за докажување дека има кршење на човечките права за време на изградбата на стадионите за Мундијалот кој се одржа пред неколку месеци.

Наводно, на Ал-Келаифи му пречело тоа што Бенабдерахман потенцирал дека има докази за неправилности и корупција. Потоа, активистот бил уапсен во Катар и префрлен во затвор, а тврди дека таму бил измачуван, а на крајот да завршил во куќен притвор и бил депортиран од Катар, од каде што и добил забрана за влез во земјата.

- Оглас -

Најнови вести