Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, несвесен дека камерите се вклучени, брутално ги испрозива првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, и неговото семејство, како и припадниците на ромската заедница.
Додик гостуваше на телевизијата РТС, а непосредно пред почетокот на емисијата, не знаејќи дека камерите се вклучени, упати тешки зборови кон семејството Ѓоковиќ.
„Можам да ти кажам дека овие Ѓоковиќ се тешки у пи**у матер. Тие сè доживуваат на емоции, но кога ќе влезеш во работа со нив… Уф, тешки Цигани, можам да ти кажам. Тие, нивните соработници и тоа, потоа загуби во полу…, не, во четртфинале“, упати тешки зборови Додик не знаејќи дека камерите се вклучени.
Ова видео сигурно ќе предизвика реакции, а останува да видиме каква ќе биде таа на Новак Ѓоковиќ, како и на неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ, кој беше директор на турнирот во Бања Лука.
Milorad Dodik psuje u studiju RTS-a i vrijeđa braću Đoković. pic.twitter.com/sN0wxUbafj
— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) April 26, 2023