Претседателот на Република Српска: Перо Антиќ е НАШ прославен кошаркар! (Фото)

Најуспешниот македонски кошаркар на сите времиња, и актуелен претседател на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, деновиве е во Бања Лука каде меѓу другото го гледаше и Новак Ѓоковиќ на турнирот „Српска опен“.

Денеска Антиќ беше на прием кај претседателот на Република Српска и негов пријател, Милорад Додик.

Додик се пофали дека секогаш му е задоволство кога ќе се сретне со прославениот кошаркар за кој вели НАШ. Или Додик се смета себеси за Македонец, или под наш подразбира Србин, и за него Антиќ е Србин.

- Оглас -

Најнови вести