0.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Претседателот на РФМ со честитки за Хасан Мустафа за новиот мандат

На четириесеттиот Конгрес на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), кој се одржува во Каиро, за претседател на светската куќа на ракометот беше реизбран д-р Хасан Мустафа.

Мустафа е на чело на ИХФ од 2000 година, а ова ќе биде негов нов четиригодишен мандат. На Конгресот, во името на Ракометната федерација на Македонија присутни беа првиот човек на мак-ракометот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски.

Ракометната федерација на Македонија упати искрени честитки и посакува успешна соработка и уште поголем развој на македонскиот и светскиот ракомет.

- Оглас -

Најнови вести