Претседателот на САД, Џо Бајден му задава нов удар на Ѓоковиќ, Србинот може повторно да добие забрана за влез во САД

Според последните информации, постои можност Новак Ѓоковиќ сепак да не добие дозвола за влез во САД и да го пропушти Гренд слем турнирот во Њујорк, како и Мастерсот во Синсинати. Дејли мејл објавува дека претседателот на САД, Џо Бајден ќе ги прифати преопораките на Центарот за заразни болести и ќе ја продолжи забраната за влез на странски државјани во земјата, кои не се вакцинирани против Коронавирусот.

Доколку тоа се случи, Ѓоковиќ кој не е вакциниран нема да смее да влезе во САД. Тој сезонава веќе ги пропушти Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, а потоа се појавија информации дека на 11 мај ќе бидат укинати сите забрани за влез на невакцинираните.

Сепак, според последните информации, тие рестрикции ќе бидат продолжени, а ако тоа се случи, Ѓоковиќ нема да смее да влезе во САД, а со тоа и ќе нема можност да ја брка рекордната 22-ра гренд слем титула.

- Оглас -

Најнови вести