Министерот за спорт на Иран неодамна најави дека репрезентацијата на оваа блискоисточна земја нема да учествува на Светското првенство кое летово ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Сега стигна порака и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој ја објави на својата социјална мрежа.
„Фудбалската репрезентација на Иран е добредојдена на Светското првенство, но не мислам дека е соодветно да дојдат, поради нивна сопствена безбедност.“ – се вели во пораката на Трамп.
Иран најверојатно ќе го бојкотира Мундијалот, а нивното место би требало да го добие Ирак, кој според пласманот треба да учествува во интерконтиненталниот плеј-оф, додека место во разигрувањето чека селекцијата на Обединетите Арапски Емирати.

