Претседателот на Сампдорија добива смртни закани во мафијашки стил

Првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро, доби смртна закана од мафијата, објави италијанската информативна агенција АНСА. Во канцеларијата на бизнисменот пристигнал пакет во кој имало куршуми и писмо и тоа е класичен начин на кој италијанската мафија сака да го предупреди примателот на пакетот.

Фереро побарал помош од полицијата, а се претпоставува дека сепак ова нема врска со организирананите криминалци, туку дека заканата е од навивачи на Сампдорија кои се незадоволни од управувањето со клубот. Фановите бараат клубот да му биде продаден на нов инвеститор.

Кон Фереро и на социјалните мрежи се испраќаа закани од типот „Ќе те убиеме“. Тензиите пораснаа по неуспешниот обид еден конзорциум предводен од Џанлука Виjали да го преземе раководењето со Блучеркарите од Џенова. Фереро беше и нападнат во еден ресторан од две лица, затоа сето ова наведува дека заканите се од навивачи, а не од мафијата.

- Оглас -

Најнови вести