Претседателот на СПАЛ е оригинален – Со мобилниот телефон му порача на судијата: Свири крај (Видео)

Претседателот на италијанскиот второлигаш СПАЛ, Џое Такопина, не можеше мирно да го издржи долгото продолжение на дербито со Калјари, па на оригинален начин му покажувашпе на судијата Маџиони дека претерал со продолжувањето на мечот и дека е време да свири крај.

Во тек беше веќе и осмата минута од судиското продолжение, кога темпераментниот Такопина реагираше и со помош на мобилниот телефон покажа дека се игра предолго и дека е време натпреварот да заврши.

SPAL President Joe Tacopina takes out his phone to claim that the match should have been over from soccer

СПАЛ успеа да издржи и да победи против Калјари со 1:0, што е и прв триумф по три кола во Серија Б за некогашниот прволигаш.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести