Претседателот на Србија Вучиќ сега е поумерен: Можеби малку претерав, но вложуваме многу пари, а само бараме да има резултати

Елиминацијата на Србија во групната фаза од Европското првенство донесе многу негативни реакции кај јавноста кај нашиот северен сосед, а меѓу оние кои најгласно коментираше беше и претседателот Александар Вучиќ.

Српскиот претседател првично жестоко го критикуваше резултатот на фудбалерите кои освоија само еден бод во три меча, за синоќа да биде малку поумерен во изјавата дадена на гостување на ТВ Пинк, па не сакаше да потенцира дека настапот бил дебакл.

„Можеби малку претерав, можеби тој збор е претеран, но секако беше неуспех. Не се занимавам со тоа дали Стојковиќ треба да добие отказ. Јас нема да влезам во клубот на оние кои плукаат по Драган Стојковиќ и Драган Џаиќ. Тоа се легенди на српскиот фудбал“, вели Вучиќ, кој додаде дека Србија во фудбалот вложува многу пари и дека затоа сака да има и подобри резултати.

„Мислам дека народот сакаше и заслужи повеќе. Треба да мислиме како во фудбалот да имаме сериозни резултати, да го пребродиме тој губитнички менталитет дека сме среќни ако не сме примиле пет голови. Можеби не можеме да бидеме први, но може да влеземе меѓу најдобрите осум, најдобрите 16. Вложиваме многу пари и по тоа сме на врвот, па затоа бараме и резултати. Ништо повеќе, само бараме резултати. Никој во Србија веќе не сака да се задоволи со 17 или 21 место во Европа во било што. кога гледаме како Хрватска до вчера можеше, а сега и Грузија, луѓето сакаат и ние тоа да го можеме“, коментираше Вучиќ.

- Оглас -

Најнови вести