Скандалот и реакциите за настапот на „спорните“ боксерки од Алжир и Тајван, се чини дека немаат крај. Имане Келиф и Лин Ју-тинг минатата година беа суспендирани од страна на Светската аматерска боксерска федерација и им беше забрането учество на Светското првенство во Њу Делхи поради високо ниво на машки хормони во организмот. Многумина ги нарекоа дека се трансродови боксерки, иако никој со сигурност не може да потврди дека се родени како мажи.
Големо внимание привлече мечот на Келиф и италијанката Карини, која го предаде мечот после само 45 секунди борба во осминафиналето на Олимпијадата во Париз.
„Не разбирам зошто го убија женскиот бокс. Само спортистите кои исполнуваат услови треба да се натпреваруваат во рингот. Не можев да ги гледам нејзините солзи.“ – вели претседателот на Светската аматерска боксерска организација, Умар Кремлев.
ИОК ја исклучи од членство боксерската организација, ИБА, и не ги прифаќа нејзините одлуки, па затоа им дозволи на спортните боксерки да се натпреваруваат во Париз.
Кремлев најави дека ИБА ќе ѝ исплати обештетување на Карини во висина од 50.000 долари за поразот од Келиф, а по 25.000 долари ќе добијат и нејзиниот тренер и италијанската боксерска федерација.