Претседателот на УЕФА доби повисока плата, на Конгресот во Белград објавена и неговата заработка

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, во Белград го одржува својот Конгрес, на кој беше објавен и финансискиот извештај за претходната сезона. Медиумите се заинтересираа за платата на првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

Од извештајот може да се види дека поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Словенија, Чеферин, има плата од 3,4 милиони евра бруто. Словенецот заработил и 270.000 евра за потпретседателската функција во ФИФА.

Александер Чеферин застана на чело на УЕФА во 2016 година, а новиот мандат го доби во 2023 година, па ќе го води европскиот фудбал до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести