Претседателот на УЕФА: Руските спортисти и клубови не треба да бидат суспендирани поради војната

Руските екипи и спортисти се наоѓаат под голем притисок или пак се суспендирани од страна на светските спортски федерации, поради агресијата на Русија кон Украина.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е еден од првите челни луѓе на големите спортски тела кои што даде изјава дека руските клубови и спортисти не треба да бидат суспендирани или под притисок.

„УЕФА наскоро ќе донесе одлука за тоа дали руските клубови ќе настапат во нашите натпреварувања. Моравме на почетокот да донесеме ваква одлука, но според мене сега не треба спортот да ‘страда’ поради некои други случувања.

Треба да промовираме мир, а не војна“ изјави Чеферин.

Останува да се види дали руските клубови во наредната сезона ќе настапат во трите европски клупски натпреварувања.

 

- Оглас -

Најнови вести