Претседателот на Вилјареал, Фернандо Роиг, го критикуваше судијата Дани Макели дека придонел за победата на Ливерпул во синоќешниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите.
При 1-0 за Вилјареал, имаше една спорна ситуација во која Алисон Бекер го собори Џовани Ло Селсо, но не беше покажан ниту пенал, ниту картон за бразилскиот голман.
„Тоа беше скандалозно. Судијата уште од првата минута беше подмолен и судеше во нивна полза. Ливерпул е одличен тим против кого на првиот меч можевме да загубиме и поубедливо, не сакам ова да биде оправдување. Но, на реваншот судењето не беше на ниво. Одлуките на судијата влијаеја на резултатот“, рече Роиг.