Претседателот Омерагиќ беше дел од состанокот на „HatTrick“ комисијата

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, учествуваше на состанокот на „HatTrick“ комисијата на УЕФА, на кој се разговараше за тековните активности, како и за идните приоритети на оваа значајна програма.

Програмата „HatTrick“ претставува една од најважните развојни иницијативи на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето-приходите од Европските првенства се враќаат назад во фудбалот и се инвестираат во развојот на националните федерации.

„Разговаравме за тековните активности и идните приоритети на HatTrick програмата, една од најважните развојни иницијативи на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации. Горди сме што преку програмата, значителна поддршка добива и Фудбалска федерација на Македонија. Со средствата од HatTrick реализираме инфраструктурни и развојни проекти кои создаваат подобри услови за развој на фудбалот и младите фудбалери во Македонија“ – напиша претседателот Омерагиќ на социјалните мрежи по повод престојот во седиштетот на УЕФА.

Со средствата од „HatTrick“ се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти, кои овозможуваат подобри услови за напредок на фудбалот и за развој на младите фудбалери во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести