Претседателот на државата, Стево Пендаровски, на социјалните мрежи објави честитка до фудбалерите кои одиграа нерешено со Англија, а на фотографијата која ја објави се гледа како тој и речиси сите околу него се на нозе и се радуваат на голот на Енис Барди.
Мирен, или барем така делува, е само првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
Сепак, тоа не значи дека Сејдини не се радуваше. Напротив.
При постигнувањето на голот на Барди, првиот човек на ФФМ прослави со високо кренати раце, а фотографијата со Пендаровски е направена нешто подоцна кога Сејдини веќе е седнат и со посмирени емоции очекува да види што ќе се случи во понатамошниот тек од средбата.