Американскиот претседател Доланд Трамп беше домаќин на италијанскиот гигант Јувентус во Белата куќа. Челниците на Јувентус, заедно со тренерот Игор Тудор и фудбалерите, но и со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, присуствуваа на прес-конференцијата на Трамп.
Трамп зборуваше на повеќе теми, а во еден момент се обрати кон фудбалерите на Јувентус за тоа дали би се согласиле во нивниот тим заедно да играат со жени.
„Дали некогаш би имале жена во тимот? Може ли жена да заигра во вашиот тим, момци? Кажете ми, што мислите? Бидете искрени. Мислите ли дека жена може да заигра во вашиот тим“, праша претседателот Трамп.
Одговор стигна од генералниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, кој дипломатски одговори: „Имаме многу добар женски тим“.
Потоа следуваше повторно реакција на Трамп. „Имате добар тим? Но, тие би требало да играат против жени, така? Тоа е една од тие работи. Видете, многу дипломатски сте настроени“, се пошегува американскиот претседател алудирајќи на одоговорот што го доби од Комоли.
Јувентус во првиот меч на Светското клупско првенство беше убедлив и со 5:0 славеше над Ал-Аин. Головите од тој меч може да ги видите ТУКА.