На УФЦ 327 настанот во Мајами присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп.
Во една од главните борби, Бразилецот Пауло Коста го нокаутираше Азамат Мурзаканов, нанесувајќи му го првиот пораз на Русинот во кариерата.

По победата, Коста му се приближи на Трамп и се ракуваа. Првиот човек на САД му дал комплимент на Бразилецот:
„Згоден си и одличен борец“. Коста продолжи да разговара со претседателот, но бидејќи англискиот не му е мајчин јазик, беше тешко да го разбере. Трамп, слушајќи го Коста како го изговара зборот „модел“, и на шега му рече: „Можеш да бидеш модел, толку си убав. Премногу си убав за да бидеш борец, но си вистински борец. Ти благодарам, другар“.
По настанот, Коста беше прашан за средбата и им рече на новинарите:
„Само малку поразговаравме. Тој ми кажа нешто лично, засега ќе го чуваме во тајност. Тоа е само меѓу нас.“


