Претседателот Трамп најави спектакл каков не се памети во историјата на спортот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во говор посветен на 250-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за независност на САД, изјави дека е подготвен да биде домаќин на УФЦ борба во Белата куќа во Вашингтон, нешто што досега беше незамисливо и никогаш не се случило.

Инаку 250-годишнината е во 2026 година.

„Ќе имаме специјални настани во секој од нашите национални паркови, боишта и историски места. Дури мислам дека ќе имаме и УФЦ борба. Дали некој гледа ултимејт фајт? Ќе имаме УФЦ борба во Белата куќа. Имаме многу простор таму, Дејна Вајт ќе го организира тоа“, најави Трамп.

Борбите во октагонот станаа универзално популарни, и првиот човек на САД ги обожува, па следната година може да се случи спектакл кој ќе се памети и борба за титула која би се одвивала во резиденцијата и работни место на претседателите на САД.

- Оглас -

Најнови вести