Претседателот Вучиќ не е задоволен од настапот на Србија, а тоа значи дека на Пикси лошо му се пишува

Цела Србија зборува за неуспехот на фудбалската репрезентација на Европското првенство во Германија, а своето мислење го даде и претседателот на државата, Александар Вучиќ. Ако се суди според неговата изјава, Драган Стојковиќ и фудбалерите не ја исполниле задачата.

Вучиќ истакна дека Србија вложува огромни средства во фудбалот и дека не е задоволен од игрите на српската репрезентација на Европското првенство. Особено го боли неуспехот во натпреварот против Словенија.

„Тоа е спорт, сè е спорт, но ние сме вложиле многу пари во тој спорт и многу сме инвестирале. Луѓето во Србија заслужуваат подобри резултати. Не е проблем да изгубите од Англија која е силна, од Германија, Шпанија, но е проблем кога ќе изгубите или ќе играте нерешено со Словенија, чиј тим чини трипати помалку од тимот на Србија. Кога играчот кој во Целје има плата од 5.000 евра ќе даде гол затоа што нема кој да го покрие. Тука има безброј проблеми. Ние како да сме задоволни, среќни, никому ништо. Не сакам да се занимавам со тоа, не сме ние банана држава во која нешто се решава преку ноќ со емоционални реакции, но сум сигурен дека поради големото вложување во инфраструктура, како и во платите на функционерите на Фудбалскиот сојуз и селекторот, граѓаните на Србија заслужуваат подобар резултат“, изјави Александар Вучиќ.

По неговата изјава, српските медиуми почнаа да шпекулираат и дека Драган Стојковиќ Пикси ќе добие отказ од селекторската позиција.

- Оглас -

Најнови вести