Претседателски избори во Барселона, клубот до 2031 ќе го води Лапорта или Фонт

Денеска е денот кога 114.504 членови на Барселона гласаат кој да биде претседател на клубот во следните пет години, а изборот им е Жоан Лапорта или Виктор Фонт.

Лапорта вкупно 12 години го водел клубот досега, тој беше на чело на Барса и до предизборниот период, а ако победи, според статутот тоа ќе му биде последен мандат. Фонт беше аутсајдер според анкетите, а може да стане 41-виот претседател на каталинскиот гигант. Освен на „Камп Ноу“ во Барселона, се гласа и во Љеида, Жирона, Тарагона и Андора.

Инаку фудбалерите на Барселона првпат по 1989 година ќе играат меч на ден на избори за претседател. Победникот на изборите ќе се знае вечерва околу 23 часот, а гласачките кутии се затвораат во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести