38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Претставен болидот за новата ера во Формула 1

Во пресрет на стартот на викендот за трката за Големата награда на Велика Британија, челниците на Формула 1 решија да го претстават новиот облик на болидите за сезоната во 2022 година.

https://twitter.com/i/status/1415763097038491652

Промената на изгледот на болидите мораше да се направи откако беа сменети низа правила. Болидите ќе имаат целосно редизајнирани предни странични спојлери, а обликот на болидот ќе биде заоблен за да може болидите коишто заостануваат, полесно да ги следат тие пред нив и полесно да го контролираат болидот.

И тркалата на болидите ќе бидат зголемени, а ќе бидат вратени и поклопците кои беа укинати во 2009 година. Предниот спојлер дополнително ќе го покрива тркалото. Во Ф1 веруваат дека со овие промени ќе се зголеми конкурентноста на трките, дека ќе биде поатрактивно за гледање и дека полесно ќе може да се престигнува.

Големата награда на Велика Британија се вози викендов, а Макс Ферстапен и Луис Хамилтон се главни конкуренти за првото место.

 

- Оглас -

Најнови вести