Превентива за Роналдо – Сари го замени за да се избегне потешка повреда

Кристијано Роналдо се пожалил на болка во мускулот и беше изваден од игра од превентивни причини во 81-вата минута на мечот во Москва.

При резултат 1:1 и во моменти кога Јувентус бркаше победа против Локомотив за пласман во осминафиналето, најдобриот играч и стрелец на Старата дама мораше да биде заменет.

„Моравме да реагираме превентивно за да не се влоши повредата на Роналдо. Поважно е играчот да не настрада отколку бодовите во Лигата на шампионите. За среќа, успеавме да победиме“, изјави тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

Повредата не е сериозна, па се очекува Роналдо да биде подготвен за дербито против Милан во недела, во 12-тото коло од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести