Неверојатен тикет синоќа беше добитен во Струмица. Среќниот обложувач успеа да ги преживее неверојатните пресврти на ПАОК и на Порто, и на крајот инкасираше близу 3.000 евра со уплата од само 20 денари.
ПАОК имаше негатива од 2-0 на дербито против АЕК на гости, но во второто полувреме постигна три гола и стигна до голем триумф, а обложувачот „закачи“ квота 4.50.
Се тресеше и на Порто, кој исто така со пресврт славеше на гости против Есторил со 1-2. а за одбележување е и погодената „двојка“ на Ајакс, на дербито против ПСВ, исто така со голем коефициент (4.80).
Кога го мина „најтешкото“ и имаше многу среќа, вечерните натпревари му донесоа и голема добивка.
