Енфилд Роуд и тринаесетта година по ред нема да и биде домаќин на англиската фудбалска репрезентација, иако се најавуваше меч на храмот на фудбалот против Романија на 7. јуни.
Причината е банална и се работи за забраната на новинарите на „Сан“ да присуствуваат на стадионот на Ливерпул. Таа одлука е на раководството на актуелниот европски првак, што на ја одобрува англиската федерација, па „Енфилд Роуд“ е избришан од списокот на можни домаќини на националната селекција.
Мечот со Романија ќе се игра на 7. јуни како подготовка за Европското првенство идната година од 12. јуни до 12. јули.
Англија не играла на стадионот на Ливерпул од март 2006 година, кога последен гостин на „Енфилд роуд“ беше селекцијата на Уругвај.
Се уште не е одредено на кој стадион и во кој град Англичаните ќе и бидат домаќини на Романија.