Прв пат на меч од Серија А не беа користени три букви од клубот при преносот

Фудбалерите на Аталанта стигнаа до десетата победа по ред во италијанската Серија А, откако со 1:0 славеа на гостувањето кај Калјари. Со овој триумф, Аталанта останува на првото место во Серија А и по 16 коло.

Николо Заниоло беше стрелец на голот кој донесе радост за гостите и Аталанта прв пат во клупската историја стигна до 10 победи по ред во Серија А. Освен оваа рекордна низа, мечот го одбележа и еден бизарен момент.

На телевизискиот пренос, прв пат се случи еден тим да биде преставен со само две букви од името, а не со стандардната пракса од скратеница од три букви. Наместо да КАГ за домашниот тим стоеа само првите две букви КА. Веднаш по мечот стигна и објаснување зошто само две букви го одбележаа домашниот тим.

Ако стоела скратеницата КАЛ, а на другата страна како што стоеше АТА за Аталанта, тие две кратеници ако се спојат ќе го формираат зборот „Кагата“, италијански збор кој во превод значи „гом*а“. Токму затоа, Италијанците решија да внимаваат и на овој сител детал, па прв пат за преставување на еден тим на телевизискиот пренос беа напишани само првите две наместо три букви.

 

- Оглас -

Најнови вести