Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, пред извесен период најави дека секој понеделник во училиштата кои гравитираат на територијата на општината наставата ќе започнува со интонирање на Македонската химна.
Така беше и вечерва на дуелот од Првата кошаркарска лига на Македонија, помеѓу екипите на МЗТ Скопје и Гостивар, пред чиј почеток беше интонирана државната химна.
Вечерва на социјалните мрежи ваквиот потег на раководството на шампионот на Македонија беше поздравен од страна на градочаланикот Муцунски, кој најави дека според неговите информации, сите кошаркарски натпревари во Македонија ќе започнуваат со интонирање на „Денес над Македонија се раѓа“.