Почетокот на мечот Манчестер јунајтед – Манчестер сити, денеска во 13.30 часот, е крајниот термин до кој може да се вклучите со ваши прогнози во 14-тото коло на бесплатната Спортска прогноза во организација на Sport Life и Спорт Манија.
Потсетуваме дека за погодени 13 наатпревари што се на менито имате можност сами да си одберете подарок од три понудени варијанти:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K
Xiaomi Електричен Тротинет
X Box Series X
Покрај премијата за погодена 13-ка, тука се и ваучерите од Sport Life од 1.000 денари за 12-ка и ваучер од 500 денари за сите што ќе погодат 11 натпревари од основната понуда. Резервните парови се сметаат само за генералниот пласман.
Според процентите на досегашните типови, мнозинството прогнозери (62,3 отсто) го фаворизираат Сити против Јунајтед, а 62,47 отсто веруваат во победа на Реал Сосиедад над Атлетик Билбао во баскиското дерби, па тоа се денешните парови кај кои најголем дел од играчите на Спортска прогноза типувале на победа на некој тим.
Најголеми фаворити на играчите на Спортска се Рома и Бенфика. За победа на Рома над Фиорентина се изјасниле речиси 85 отсто играчи, а за триумф на Бенфика против градскиот ривал Спортинг, 81,7 проценти. На дербито Тотенхем – Арсенал, двојно повеќе се за двојка отколку за кец, а околу една третина типувале на нерешено.