21.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Прифатете го предизвикот наречен Спортска прогноза: Лондонската пресметка и француското дерби се вистински предизвик да се погоди Тринаесетка

Новото 20-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку дерби-натпревари од петте најсилни европски лиги.

Прогнозерите веќе го предвидуваат исходот на 13-те понудени натпревари, како и двете резерви, кои се вистиски дерби-дуели во Ла Лига и во Серија А.

Лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челзи е „ѕвезда“ на 20-то коло на Спортска прогноза. Прогнозерите засега имаат поголема доверба во Тотенхем, за кого 46,14 отсто сметаат дека ќе победи, 28 отсто мислат дека средбата ќе заврши без победник, а во победа на Сините се убедени 25.20 отсто.

Второ големо дерби и предизвик за прогнозерите е тоа во француската Лига 1 меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ. Последната пресметка меѓу овие два тима беше пред неколку недели во Купот на Франција и Марсеј славеше со 2:1.

Сега прогнозерите поголеми шанси му даваат на ПСЖ (48,66 отсто), додека идентичен е процентот за победа на Марсеј и за реми (25 отсто).

Иако претставува дуел меѓу третиот и четвртиот тим на табелата во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е голем фаворит во очите на прогнозерите. Дури 75,75 отсто веруваат во триумф на Црвените ѓаволи.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести