Плати многу и пет дена беше во карантин само да ја гледа Англија, и тоа преку ограда (Фото)

Коронавирусот донесе тектонски промени во светот, па и кај навивачите. Натпревари без публика се тажна реалност, но сите рестрикции и компликации не го спречија Англичанецот Чед Томас да отпатува на Исланд и да го бодри својот национален тим на гостувањето од Лигата на нации.

Томас беше единствен Англичанец кој допатува во Рејкјавик. Плати авионски билет од 70 фунти, даде и 410 фунти за сместување (11 ноќи) и прифати да биде во изолација во хотелска соба пет дена, само за да може да биде макар и блиску до теренот на кој се играше мечот. Изолацијата му помина во петокот, па отиде да го гледа мечот, од една ограда.

Тој знаел дека стадионот не е целосно затворен, и дека има „дупка“ низ која може да се гледа меч.

Претходно, тој со фотографија од хотелската соба се пофали дека издржал пет дена во каратин.

- Оглас -

Најнови вести