Приходот од продадените билети за Пелистер – Вардар ќе биде наменет за Кочани

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално објави дека приходот од продадените билети за дербито со Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во страшната трагедија во Кочани.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција”, објави ФК Пелистер.

Дербито треба да се игра на 29-ти март во 15 часот на стадионот во Битола.

- Оглас -

Најнови вести