Пријателот на Меси останува во Интер Мајами до 2027 година

Жорди Алба ќе остане во Интер Мајами. Поранешниот шпански репрезентативец ќе го носи дресот на тимот од САД барем до крајот на сезоната 2027 година, откако ќе потпише нов договор.

„Среќен сум што го обновив договорот бидејќи имам желба да продолжам да играм и поради начинот на којшто се чувствувам во клубот. Ја чувствувам љубовта што ја добивам од навивачите на секој натпревар. Се чувствував многу удобно во последните две години во клубот. Имам желба да продолжам да се натпреварувам и да победувам. Се надеваме дека ќе освоиме што е можно повеќе титули“, рече 36-годишниот Алба.

Дефанзивецот е во Интер Мајами од 2023 година. Лионел Меси и Жорди Алба вкупно 12 сезони се соиграчи. Двајцата долго време играа заедно во Барселона, а сега се дел од тимот на Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести