Милан – Новара (17ч)
Росонерите го осигурија потписот на Златан Ибрахимовиќ, па Швеѓанецот може уште од денеска да почне повторно да ги полни мрежите носејќи го црвено-црниот дрес. Оваа контролка е шанса за тренерот Пиоли да ги пушти избраниците да играат без товар, а тоа може да биде добро бидејќи се очекува убедлив триумф.
Милан последен пат со Новара се сретна во 2012 година, во рамките од Серија А. Во сезоната 2011/12, Росонерите двапати остварија победа против сега третолигашот, а Златан заби во два наврати.
Предлог тип: 5+ (2.35)
Вилјареал – Реал Сосиедад (19ч)
Сосиедат не ќе може да смета на новото засилување, искусниот Давид Силва, кој по промоцијата се испостави дека е позитивен на ковид-19. Но, тоа не значи дека дуелот нема да биде ефикасен затоа што Вилјареал и Сосиедад се навикнати да се надигруваат во тоа кој тим ќе постигне повеќе голови во меѓусебна пресметка.
Двата претходни дуели од изминатата сезона завршија со резултат 1-2, по еднаш во корист на двете екипи, нека биде така и во оваа пријателска средба.
Предлог тип: ГГ3+ (1.86)
Еспањол – Малага (19ч)
Еспањол се навикнува на второлигашки фудбал токму со поранешниот прволигаш Малага. Овие две екипи сигурно ќе конкурираат за враќање во Ла Лига во новата сезона, а денес треба да го покажат напаѓачкиот потенцијал.
Еспањол уште нема победа по два контролни натпревари, додека Малага има по еден триумф, реми и пораз во три меча. Кога последен пат се сретнаа пред две години, во рамките на Ла Лигата, Еспањол ја растури Малага со 4-1, но тешко дека ќе се повтори таков резултат.
Предлог тип: 2-3 гола (1.93)
Леванте – Картагена (19:30ч)
Леванте ќе го нема Енис Барди во тимот, кој моментално се подготвува со селекцијата на Македонија во пресрет на обврските во ЛН, но шпанскиот прволигаш не би требало да има проблеми против Картагена, која не може да се пофали со позитивни подготовки.
Картегена ги загуби трите претходни пријателски средби, се чини дека ќе го претрпи и четвртиот пораз, а Леванте воедно ќе го одржи солидниот учинок во пресрет на новата сезона во Ла Лига.
Предлог тип: Т1 3+ (2.02)
Бенфика – Брага (20ч)
Ривалите од домашниот шампионат ќе ги одмерат силите во контролката која ќе нема многу пријателски однос. За Брага ова е прв меч во подготовките, додека лисабонските Орли пред три дена го надиграа Борнмут со 2-1.
Ако нешто нè научија Бенфика и Брага, тоа е дека редовно приредуваат возбудливи и крајно неизвесни дуели. Во ланската сезона Бенфика победи по еднаш во Лигата и Купот, Брага возврати така што го освои „Да Луж“ со минимални 0-1, што е реткост ваков резултат да биде конечен кога се среќаваат португалските гиганти.
Предлог тип: 1+I & 2+II (2.50)