Пријателство е пријателство, но дојдовме да победиме

Црвена ѕвезда на свој терен вечерва го пречекува Олимпијакос во дуел од второто коло на Лигата на шампионите, а гостите се подготвени да ги освојат трите бода. Грчкиот првак во првото коло на свој терен одигра 2:2 против Тотенхем, а може и да жалат што не ги освоија трите бода против европскиот вицепрвак.

„Не верувам дека овој меч е клучен за да го одреди конечниот пласман на табелата, но секако е многу важен. Играме за бодови, па не верувам дека ни тие, а и ние нема да играме затворено. Дали еден бод ќе биде доволно? Не размислувам на негативен резултат бидејќи така не се прави пристап до мечот“, вели тренерот на Олимпијакос Педро Мартинс.

Запрашан за тоа дали би бил задоволен доколку Ѕвезда ги освои трите бода на свој терен, а Олимпијакос победи во Атина, стратегот на гостите имаше објаснување. „Знам дека има многу добри односи меѓу навивачите на двата клуба, но пријателство си е пријателство, а ние дојдовме тука да победиме“, додава Мартинс.

Во досегашните три меѓусебни дуели, Олимпијакос има една победа и две нерешени, додека српскиот првак ниеднаш не се радувал против овој ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести