Пријателството посилно од клупското ривалство, по натпревар заедно изедоа пица

Натпреварот од Серија А меѓу Салернитана и Верона кој заврши со триумф на домаќините од 2:1 го одбележа детаљ по крајот на мечот.

Имено, поранешните соиграчи Федерико Бонацоли и Симоне Верди покажаа дека нивното пријателство е над било кое клупско ривалство, и по мечот, тие заедно јадеа пица во тунелот на стадионот „Аречи“.

Бонацоли и Верди минатата сезона беа соиграчи во Торино и имаа клучна улога во опстанокот на „биковите“ во Серија А.

Во летниот преоден рок и двајцата играчи одлучија да го напуштат Торино, и така Бинацоли заврши во Салернитана, а Верди во Верона.

- Оглас -

Најнови вести