Динамо не може без својот капитен, а Аријан Адеми уште еднаш потврди дека има лавовско срце и одлучи да им помогне на своите соиграчи вечерва, на важниот дуел против Генк на „Максимир“.
Иако беше најавено дека нема да биде во стартниот состав на хрватскиот шампион во мечот од петтото коло во Лигата на Европа, Адеми стисна заби и е стартер на дуелот во Загреб.
Аријан беше повреден и пропушти два важни квалификациски дуели на Македонија на патот кон Мундијалот во Катар, но се очекува да биде комплетно фит за мартовските баражи. Противникот на Македонија за првиот дуел од баражот ќе биде познат утре, по ждрепката од 17 часот.
Стефан Ристовски е на клупата за резерви, а ако Динамо победи, ќе си обезбеди настап во елиминациската фаза во Лигата на Европа заедно со Генк.