Приказната продолжува – ПСЖ не го дава Мбапе

Пари Сен Жермен со соопштение на својата клупска страница ги прекина сите шпекулации за заминување на еден од најдобрите играчи во Европа.

Приказната на Килијан Мбапе и ПСЖ продолжува, се вели во соопштението на ПСЖ.

За еден од најталентираните играчи во Европа има голем интерес од гигантите, а во прв ред за ангажман на францускиот репрезентативец беше Реал Мадрид.

Мбапе е голема желба на Зинедин Зидан, но според моментната ситуација и реакцијата на ПСЖ, Кралскиот клуб ќе почека. ПСЖ плати 180 милиони евра за ангажман на Килијан, кој играше за Светците како позајмен играч од Монако.

Беше склучен договор со вредност од 145 милиони евра, плус бонуси во висина од 35 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести