8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Прилепчанец се закани дека ќе се самозапали ако Победа не игра утре!

Еден од најтрофејните и најпопуларни клубови во Македонија, Победа од Прилеп, ги живее најтешките денови од формирањето. Клубот кој се натпреварува во Втората лига уште нема регистрирано ниту еден фудбалер за настап во пролениот дел, кој започнува утре.

Поради оваа ситуација, многу веројатно е дека Победа Прилеп нема да продолжи со настап во Втората лига, што е многу болно и тажно посебно за навивачите во Прилеп. Еден од оние кои не можат да се помират со фактот дека Победа може буквално да згасне е прилепчанецот Кире Иваноски – Балче, пензионер кој најавува самозапалување ако тимот не продолжи да игра, пишува „shampion.mk“.

„Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски фудбалџии и се самозапалувам на центарот на фудбалскиот храм, Градскиот стадион ‘Гоце Делчев’ во Прилеп! Нема сила што може да ме спречи! Амин!!! Збогум! Сè за Победа! Победа вечна, народе мој! Животот мој зависи од Победа Прилеп и од вас, фудбалџии мои драги и мили! Амин!“, напиша Кире Иваноски на „Фејсбук“. 

Според распоредот, Победа на својот стадион утре од 14 часот треба да игра против тимот на Новаци.

- Оглас -

Најнови вести