18.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Прилепски мангуп: Ја искористи кешаут можноста и заработи 4.000 евра, а ќе останеше со празни раце

Во Sport Life има најразлични можности како полесно и повеќе да се заработи од еден тикет. Тие поволности на еден тикет ги искористи обложувач кој во понеделникот уплати тикет во Прилеп и со само 40 вложени денари, си заработи над 4.000 евра, односно 247.630 денари.

На тикетот има 13 пара, а бидејќи е уплатено со Sport Life картичка, обложувачот искористи две од многуте понуди за „помош“. Бидејќи тикетот е уплатен во понеделник, обложувачот ја искористи можноста да добие 10 отсто бонус на добивката од Sport Life менито.

ГО СПАСИ И НЕВРЕМЕТО КОЕ БЕШЕ ВО ВАЛЕНСИЈА

Сите 13 меча кои беа на тикетот се играа во понеделникот вечерта. Сепак, не се одиграа сите натпревари во планираните термини. Дуелот меѓу Валенсија и Овиедо во шпанското првенство кое требаше да се игра во понеделникот вечерта беше одложен поради временски непогоди во шпанскиот град Валенсија.

Одлуката беше дуелот да се одложи за 24 часа, односно да се игра во вторник навечер. Откако сите 12 средби одиграни во понеделникот беа добитни, обложувачот реши да не ризикува и да не чека да заврши и последниот меч, тој во Валенсија.

Прилепчанецот ја искористил и втората „помош“ од Sport Life, а тоа е кешаут понудата, односно да може да го исплати тикетот без да ризикува дали последниот меч ќе го погоди.

Тикетот уплатен само со 40 денари си доби исплата од 247.630 денари со кешаут опцијата, а тука е вклучен и бонусот од 53.769 денари, кој се добива благодарение на СЛ менито.

И на крајот, вистинска била одлуката тикетот да биде исплатен пред да заврши дуелот меѓу Валенсија и Овиедо. Обложувачот типувал на победа на Валенсија во меч на кој нема да има повеќе од четири гола, но на крајот Овиедо победи со 2:1. Едноставно, доколку не беше искористена опцијата за кешаут во Sport Life, тикетот на крајот ќе беше недобитен, а вака добивката е 247.630 денари.

- Оглас -

Најнови вести