40.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Примамливи квоти за победи на Челзи, Манчестер сити, Абердин…

Одлична комбинација на повеќе спортови има денешниот Супер тип, каде што може да се најдат 16 меча на коишто има зголемени коефициенти. Фудбалот преовладува, но има и кошаркарски и хокеј натпревари на кои може да се најдат поголеми квоти од вообичаените.

Од сите мечеви, секако најатрактивни се оние од Островот. Челзи дома го пречекува Кристал палас и „кецот“ е 1.83. Речиси идентични шанси се дава за Абердин, во чии редови настапува Бојан Миовски да го победи Мадрвел.

За победа на Манчестер сити на гостувањето кај Евертон, „двојката“ е 1.70, додека Андерлехт да го добие дербито против Серкл Бриж е 2.10.

Барселона игра, но на кошаркарскиот терен, и тоа на гости кај Уникаха. Се очекува неизвесен дуел, а за триумф на каталонскиот гигант квотата е 1.83. Тука е и НБА-мечот меѓу Бруклин и Милвоки, а предност им се дава на гостите.

За љубителите на зимските спортови има неколку атрактивни хокеј средби, па ваш е изборот кој пар ќе го одберете.

- Оглас -

Најнови вести