25.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Примамливи пет дуели чии комбинации вкупно прават квота над 60

Петте предлози од Квотите на денот доколку ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 61.96. Во шпанската Сегунда дивисион, Леганес е домаќин на Еспањол и ова треба да биде меч на кој ќе има победник, но и да има барем еден гол во првото полувреме за да биде добитна квотата од 2.25.

Аугсбург и Унион Берлин треба да одиграат средба со голови на двете страни, но и во двете полувремиња комбинација која се вреднува со квота од 2.40.

Лацио е голем фаворит против Салернитана и се очекува домаќинот да постигнува голови на „Олимпико“. Небесносините да даваат од 1-3 гола во првото и 1-3 гола во второто полувреме е со вредност од 2.25.

Во Шпанија, Бетис и Селта Виго ќе играат отворено и треба да има победник, но не смее да има повеќе од три погодоци. Оваа комбинација 12&0-3 е со квота точно два.

Во Португалија, Жил Висенте е домаќин на Спортинг Лисабон, а јасно е дека гостите ќе атакуваат на бодовите. Спортинг да даде барем еден гол во првото полувреме, а да има најмалку три погодоци во мрежата на домаќините на крајот е со коефициент од 2.55.

- Оглас -

Најнови вести