15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Примамливи пет дуели кои носат вкупен коефициент од 53.6

Пет интересни мечеви кои ако ги одиграте заедно според понудата на Sport Life ќе добиете вкупен коефициент од 53.6, се во денешниот избор на Квоти на ден.

Трабзонспор е фаворит против Маниса и домаќините треба да постигнат најмалку еден гол во првото полувреме, а три погодоци на крајот од средбата, за да биде добитен коефициентот од 2.30.

Во Португалија, Брага треба да ги освои трите бода на гостувањето кај Фамаликано и тоа во натпревар на кој нема да има повеќе од четири погодоци. За оваа игра 2&0-4 квотата е 2.35.

Наполи треба да не загуби пред своите навивачи до Фиорентина во дуел на кој ќе има барем два погодоци, за да биде добитна комбинацијата со коефициент од 2.05.

Египет и Гана играат на Африканскиот куп на нации и тука опцијата е да се одигра на погодоци. Треба да има барем еден гол во првиот дел и најмалку два гола до крајот на средбата за добитна квота од 2.15.

Ново градско дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид ќе се игра во Купот на Шпанија. Кралскиот клуб да не загуби на теренот на Атлетико во средба на која ќе има од 2-4 погодоци носи коефициент од 2.25.

- Оглас -

Најнови вести