Полскиот шестолигаш КТС Весло експресно брзо, само за 90 минути ги продаде акциите на клубот за 4,5 милиони злоти, или околу еден милион евра.
Ова е вистинско фудбалско чудо за толку ниско рангиран клуб, но и вистински модел за помалите клубови како треба да функционираат.
Објавено е дека новите сопственици на акциите ќе учествуваат во одлуките за иднината на КТС Весло, кој има големи амбиции да си изгради сопствен стадион, модерна фудбалска Академија и развиен скаутинг-систем што ќе функционира во цела Полска.
Целта е да се напредува ранг по ранг за во иднина да се стигне до повисоките лиги во Полска.