Примија 70 голови, најмногу во лигата и го избраа голманот за играч на сезоната

Норвич испадна од Премиер лигата, а потоа и изненади со изборот на Тим Крул за најдобар играч на сезоната што не беше успешна за популарните Канаринци.

Крул бранеше на 35 од вкупно 37 натпревари што ги одигра Норвич досега во оваа сезона во Премиер лигата и прими 63 од вкупно 70 голови на клубот.

Норвич ја има најлошата одбрана во Премиер лигата на едно коло до крајот и примија и најмногу голови во англиското првенство, па чудна е одлуката голманот Крул да биде изборот за најдобар играч во сезоната што ќе сакаат побрзо да ја заборават.

Многу коментари предизвика одлуката Холанѓанецот да биде број 1, а најчесто прашањето е како голман што прими најмногу голови во лигата е избран за број 1 во клубот сезонава.

„И да беше најдобар, тешко може да се оправда одлука голманот да ви биде најдобар во сезона во која клубот примил најмногу голови во лигата. Сигурно имаше и друго решение и подобар избор“, коментираат навивачите на Норвич.

На едно коло до крајот на англиското првенство, Норвич е последен со 21 бод, дури 10 помалку од Борнмут, кој е претпоследен на табелата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести