Македонија со пораз од Австрија со 1:3 го почна историскиот настап на Европското првенство. Во Букурешт се држевме солидно против фаворизираната селекција на Австрија, но една грешка го реши мечот.
Михаел Грегорич во 78-мата минута од близина од 5-6 метри ја искористи лошата проценка на нашиот голман Столе Димитриевски и погоди за 2:1 и победа на Австрија.
Потоа кога македонските репрезентативци се обидоа да нападнат и да израмнат во контранапад, казнија Австријците со погодокот на Марко Арнаутовиќ во 90-тата минута за конечни 3:1.
Претходно Стефан Лајнер го даде водечкиот гол за нашиот прв ривал на ЕП, а експлозија од радост на трибините каде што беа сместени македонските навивачи се случи во 28-мата минута.
Горан Пандев искористи невнимание на австриската одбрана и го постигна првиот гол за Македонија на големите натпреварувања.
Шанса за поправен испит ќе имаме повторно овде, во Букурешт, на 17 јуни од 15 часот, во вториот меч од Ц групата за нас против Украина.