Навивачите на Реал Мадрид останаа изненадени од одлуката на новиот тренер, Алваро Арбелоа, да се ослободи од една од ѕвездите во екипата. Се работи за Трент Александер-Арнолд, кој во јуни пристигна меѓу Кралевите од Ливерпул за сума од 10 милиони евра.
Неговиот договор со Црвените истекуваше на крајот од јуни, но тогашниот тренер, Чаби Алонсо, инсистираше да го има во ростерот за Светското клупско првенство, па Реал мораше да плати обесштетување.
Англичанецот е разочаран од минутажата која ја доби, а сега и јасно му порачаа дека е прекуброен и мора да си замине до крајот на јануари.
Голем интерес за неговите услуги има од Баерн Минхен, но како можни опции се споменуваат и Њукасл и Манчестер јунајтед.
Сепак, вредноста на Трент во моментов е 70 милиони евра и тешко е да се очекува дека некоја екипа би платила толку.

