Притисокот за смена на Унаи Емери е огромен

Поразот од Ајнтрахт во Лига Европа, ја продолжи црната серија на Арсенал и сега „топчиите“ кои одамна се „без муниција“, имаат низа од седум натпревари по ред без победа. Ваква лоша серија немаа никогаш со Арсен Венгер кој ги водеше на 1.235 меча, а последен пат седум или повеќе меча без триумф имаа во февруари 1992 година, кога тренер беше Џорџ Греем.

Притисокот врз Емери станува неподносливо голем, и се чини дека денеска е „Денот Д“ за него. Ако не го сменат, тогаш може да остане на кормилото и до крајот на сезонава.

Арсенал од октомври 2017 година наваму немаше пораз во меч на кој водел по првото полувреме, а синоќа дозволија пресврт против Германците. Не помогна ниту враќањето на Гранит Џака во почетниот состав.

Арсенал со Емери нема победа од 24 октомври наваму, во Премиерлигата заостанува огромни 19 бода зад Ливерпул, а само во ЛЕ има некаков успех и најверојатно ќе ја мине групата, без оглед на поразот од Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести