25.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Приведен навивач од Битола затоа што се однесувал агресивно кон ракометарите на Вардар

Навивач од Битола е приведен за време на ракометниот натпревар од Суперкупот меѓу Вардар и Пелистер (27-28), кој синоќа се одигра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата информира дека поради инцидентот ќе биде поднесена соодветна пријава против приведениот, а истовремено ќе се преземат и мерки против организаторот на натпреварот, согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

„На 03.09.2025 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.Р.(24) од Битола затоа што во спортската сала ‘Јасмин’ во Кавадарци за време на одигрувањето на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК Вардар од Скопје и РК-Еурофарм Пелистер од Битола недолично и агресивно се однесувал кон играчите на РК Вардар. По документирањето на настанот против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на навивач од Битола, кој по завршувањето на натпреварот запалил пиротехничко средство во салата, додека против организаторот ќе биде поднесена пријава согласно Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“, соопштија од МВР.

- Оглас -

Најнови вести