Привлечна е квотата за Елиф Елмас да даде гол вечерва против Унион Берлин (Фото)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е еден од 33-цата фудбалери кои се наоѓаат во понудата на Sport Life за можни стрелци вечерва на мечевите од Лигата на шампионите.

Наполи на Елмас игра дома со Унион Берлин, италијанскиот првак е фаворит на хартија, а квотата во Sport Life дека Дијамантот ќе постигне гол е 4.00. Ова се играчите на кои може да уплатите дека ќе дадат гол.

Елмас викендов на дуелот со Салернитана постигна убав гол, негов прв во дресот на Наполи од февруари наваму, и можеби понесен од тој бран, ќе почне гол-серија и ќе погоди против Германците.

Тренерот на Наполи, Руди Гарсија, изјави дека е среќен што Елмас дал гол бидејќи секогаш дава придонес. Сигурно е дека Елмас ќе игра вечерва, само не се знае дали ќе биде стартер или резерва.

Инаку, освен на стрелци, може да типувате и колку жолти картони и колку корнери ќе има на секој од осумте мечеви кои се играат вечерва во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести