Привременото правило на ФИФА продолжено до крајот на 2022 година

Извршниот одбор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека правилото за пет измени во текот на еден меч, ќе остане со важност до 31 декември 2022 година. ФИФА се одлучи да го воведе ова правило и да го зголеми бројот на измени од три на пет играчи, по појавувањето на пандемијата, кога беше направен и забрзан распоред на играње на екипите.

Речиси сите европски земји, освен Англија го прифатија ова правило да има пет измени на меч, а дури и тренерите на премиерлигашите беа бесни затоа што тие немаат можност за почеста ротација на фудбалерите во текот на еден меч.

И во новата сезона, секоја лига самостојно ќе може да одлучи дали ќе го прифати предлогот да може да има пет измени или ќе останат со по три замени на средба. Што се однесувва до мечевите кои ги организира ФИФА, а тоа се квалификациите за пласман на СП 2022 година, секоја репрезентација ќе може да прави по пет замени.

Од 1 јануари 2023 година, ова правило за пет замени ќе се укине и повторно ќе биде во сила само правилото за максимум три измени во текот на еден натпревар.

- Оглас -

Најнови вести