Признание што ги шокира Англичаните: Навивав да испаднеме за да го судам финалето на ЕП

Марк Клатенбург ги шокираше Англичаните со признанието дека навивал Гордиот Албион да испадне и да не игра финале на Европското првенство во 2016 година за тој да може да биде главен арбитер на мечот за титулата меѓу Португалија и Франција.

Тоа и се случи по сензационалната елиминација на Англија од Исланд во осминафиналето на турнирот, но за да биде Клатенбург човекот што ќе го суди финалето, имаше уште една пречка.

„Искрено сакав да го судам финалето на Европското првенство во 2016 година, како заокружување на, за мене, прекрасната сезона во која го судев и финалето на ФА купот и финалето во Лигата на шампионите. Секако дека навивам за Англија, но тогаш повеќе навивав за себе. Потоа имаше уште една закана за да не бидам главен арбитер во мечот за титулата бидејќи Велс стигна до полуфиналето, но и тие испаднаа и ми се посреќи јас да бидам човекот што ја делеше правдата во мечот за европската титула“, признава Клатенбург.

Има доста реакции на неговото признание, па англискиот судија се обиде да се извади со прогноза дека Англија има одлични шанси сега да ја освои титулата што ја нема во својата колекција и за првпат да биде европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести